Денес имав чест да бидам домаќин на господинот Александар Касаноф, заменик-помошник државен секретар на САД за Западен Балкан, со кого споделивме искрена и пријателска средба, која уште еднаш го потврди тридецениското партнерство помеѓу нашите две земји. Разговаравме за европските интеграции, владеењето на правото и економскиот развој како стратешки приоритети на нашата Влада, кои се клучни за стабилноста и напредокот на целиот регион, напиша премиерот Мицкски на Фејсбук.
Остануваме посветени на реформите кои ќе обезбедат транспарентност, ефикасност и заштита на човековите права, со цел да ги приближиме нашите граѓани до вредностите на Европската Унија.
САД продолжуваат да бидат наши блиски сојузници, а партнерството со нив е втемелено на взаемна почит и доверба. Нашата Влада вложува максимални напори за зајакнување на економската соработка, привлекување инвестиции и унапредување на евроатлантските обврски. Посветени сме на продлабочување на соработката, обезбедувајќи придобивки за сите наши граѓани, додека остануваме цврсто на страната на демократијата, мирот и просперитетот.