Skip to main content

Мицкоски: Немам намера да се кандидирам за претседател на државата

Христијан Мицкоски, актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашото интервју за „360 степени“, категорично изјави дека нема намера да бара измени во партискиот статут кои би му овозможиле четврти мандат на чело на партијата.

Тој нагласи дека со личен пример треба да се покаже дека секоја функција има крај. Ова значи дека неговиот претстоен мандат, доколку биде реизбран на конгресот во Кавадарци, ќе биде негов последен како лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај одлуката за партиското лидерство, Мицкоски исто така потврди дека нема да се кандидира за претседател на државата на изборите во 2029 година. Тој изјави дека нема таква амбиција и го исклучува тоа сценарио од неговиот политички ангажман во иднина.

„Имам два сина, мене ВМРО-ДПМНЕ ми е, буквално, како трето дете. Но, да, ова е мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја добијам поддршката од делегатите. И додека јас сум претседател, за тој услов за максимум број мандати што еден претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од Статутот“, рече Мицкоски.

Поврзани вести