Skip to main content

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање денеска на прес-конференција во Владата, во однос на изјавата на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески по официјалното преземање на фунцијата, во која тој меѓу другото рече дека на Обвинителството му требаат финансиски средства за ефикасна борба против криминалот, објави МИА.

Во делот на платите мислам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките се разбира дека тука можеме да разогвараме, да седнеме не само со Обвиниелството, туку и со судовите. Последното, колку што знам, врз основа на планот изработен од Судскиот совет, одобрени нови 200 вработувања за судовите низ земјава, нешто што претставува навистина голем потег – рече Мицоски.

Тој појасни декас не станува збор за судии, туку за судски соработници и додаде дека не се памети кога последен пат имало ваква бројка на вработувања.

Оваа динамика ќе продолжиме да ја следиме и понатаму врз основа на Планот и систематизацијата, која сами ја изработија, едноставно ние ниту се мешавме, ниту имавме какви било сугестии како Влада – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Министерство за финансии дало одобрување, односно дека средствата се одобрени.

Во делот на платите не мислам дека имаме простор за зголемување, посебно имајќи ги предвид генерално состојбите со платите во државата, нагласи премиерот.

Поврзани вести