Skip to main content

Мицкоски: Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на МВР и Армијата

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека имаат различни гледишта на работите со кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити дека војната на УЧК во Косово и во Македонија била праведна, разумна и чиста.

-Не може да биде разумна и праведна војна, а од заседа да се убиваат припадници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени тој е затворен. Нашиот фокус како Влада е иднината, тоа сакаме да го видиме. Апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на ДУИ и на оние кои сакаат да не вратат 25 години назад. Да гледаме напред, да носиме инвестиции, да направиме поубаво место за сите граѓани. Тоа е суштината и ова е оската околу која ние треба да се обединиме, изјави Мицкоски при посетата на Општина Петровец, одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски апелираше сите политичари да се воздржат од теми кои нè враќаат во минатото.

Поврзани вести