Skip to main content
Прашува Мицкоски

За барањата за уставните измени и Бугарите во Уставот, главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали ова е крајот?

Во денешно време се соочуваме со поинакви предизвици, но со подеднакво значење за иднината на нашата држава и народ. Како претседател на Владата, свесен сум за секој еден од нив, и покрај сите нив, еден од најважните е битката за стандардот и подобриот живот. Тоа е она што го бара и што му е потребно на народот. И битката за Европската Унија треба да се гледа низ поривот за подобар живот и стандарди, и затоа таа наша цел, и покрај сите удари и пречки, остана патот што сакаме да го изодиме, истакна премиерот Мицкоски.

И овој пат е наше природно право, и иако многу пати откажувањата што ги направивме не беа достоинствени и не беа фер, народот со разочарување и со кнедла во грлото ги прифаќаше. Не е едно, не се две, туку тоа полека станува непринципиелен начин на однесување.


Во контекст на последните барања за уставните измени и прифаќањето на Бугарите во Уставот, главното прашање што се наметнува е: што добиваме ние од тоа, и дали конечно ова е крајот? Секој наш следен потег мора да биде низ призмата на одговорот на овие прашања и заштитата и обезбедувањето прво гаранции дека ова ќе биде последното, и дека ќе добиеме нешто опипливо и предвидливо – важно за државата и граѓаните. А потоа, нашиот источен сосед даљ покаже европски вредности, на ист начин да одговори за македонските иселеници во Бугарија. Не и требаме ниту на ЕУ обезличен и осакатени целосно, и требаме достоинствени и горди, онакви какви што сме, истакна Мицкоски.

Затоа што нашата определба за Европската Унија ја докажавме преку многу одрекувања, многу жртви, дури и по цена на сопствена штета. И никој нема право да каже дека не дадовме жртва и не плативме прескапа цена за она што го сакаме – членка на Европската Унија.

Но, како и во историјата, така и денес, секогаш ќе има луѓе и страни кои се подготвени да дадат повеќе, да прифатат повеќе. Во таа смисла, нашата опозиција е подготвена да прифати многу повеќе, но и да отстапи и даде многу повеќе.
Затоа што таквата трговија со нашето, со заедничкото, за нив претставува картата со која сакаат да дојдат и да останат во фотелјите – не размислувајќи за штетата што ја прават, не само на себе, туку и на целата држава и сите идни поколенија.
И јас сум беспрекорно свесен дека во остварувањето на таквите намери главната пречка им е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводиме. Но таа улога ја носам како обврска кон мојот народ – дека никогаш нема да попуштам кога се во прашање интересите на мојот народ и интересите на нашата преубава држава Македонија.

Замислете ситуација да настапуваме единствено, а опозицијата да е таа што ќе нè притиска и храбри да ги чуваме црвените линии, околу кои нема да создава облаци и прашини за куферчиња, подароци за источниот сосед и приказни за бизниси какви има сега.
А токму таквото нивно досегашно однесување ги закотви и закова на третото, четвртото место по поддршка – станувајќи спореден играч на политичката сцена.

Поврзани вести