Skip to main content
ABdnFMUHGHo

Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури

Најголем предизвик во периодот кој следи, за премиерот Христијан Мицкоски и за Владата ќе биде овозможување систем кој ќе може брзо да ја испорача правдата и во кој нема да може да функционира „бандитизмот“ создаден од политички и бизнис структури кои работат во широка коалиција, бидејќи, според него, од тоа ќе зависат многу следни политички случувања во државата.

Во оваа една година отворивме силна борба против криминалот. Се започнаа акции против оние кои порано се сметаа за недопирливи. Денес тие неславни корифеи на неправдата се бегство од законот, а силно се удри и по нарко бандите особено во Скопје. Онаму каде сметам дека може подобро е борбата за независно судство и обвинителство кое сега го немаме. Не сум задоволен од динамиката на испорачување на правдата и постојат очигледни спреги меѓу тој свет и светот на политичката бизнис мафија која го конструирала тој систем против кој сакаме да се бориме и ако ме прашате мене јас очекувам одговорност и народот очекува одговорност и тоа мора да биде прва работа која ќе не води, да донесеме правда и да го урнеме тој систем на бандитизам создаден од политички и бизнис структури за кои нема ни етнички и политички разлики туку функционираат во широки коалиции. Тоа ќе биде мој најголем предизвик во периодот кој следи и од таа динамика ќе зависат многу следни политички случувања во државата, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“. 

Притоа тој се осврна и на како што рече, најтешкиот ден како премер, несреќата во Кочани.

Таа несреќа, колку и да се трудат политички да ја злоупотребат е последица на со години руинираниот систем кој беше уништуван и дезавуиран. Јас не можев тоа да го спречам, но ќе направам се тоа да не се повтори. И како политички фаактор од првиот ден испратив реална порака дека правда мора да има и без оглед за кого се рботи мора да биде одговорност. Јас и денес стојам на истиот став а обвинителството е на тест да докаже вистина и судот да спроведе правда. Но исто така сакам да соопштам дека како Влада сме во преговори за обезбедување на историски највисокиот инвестициски пакет за обнова и подддршка на Кочани. Работиме на тоа да покажеме дека за нас е важно и дека граѓаните не се сами, рече премиерот.

Мицкоски додаде дека Македонија мора да оди напред и притоа, како што нагласи, тој никогаш нема да дозволи земјата да биде понижена.

Сакам да се осврнам и на оние кои велат дека Македонија била понижена. Тоа се истите оние кои сменија име, направија договор со Бугарија, кои ја плјачкаа Македонија и се потпишуваа. Македонија никогаш повеќе немаа да дозволам да биде понижена, зошто тоа време заврши, рече македонскиот премиер.

Мицкоски се заблагодари „искрено и со цело срце до народот кој дошол да проследи што имаат да кажат како Влада, до секој еден човек кој има очекувања и има надеж за нашата држава.

Сето ова има смисла само за вас. Благодарност до мојот тим и тимот министри од Владата. Секогаш може подобро но ова беа најжестокото работно темпо за да Македонија ја извадиме на површина. Најдоброто допрва доаѓа, најдоброто за сиоте вас. Денеска ги сееме, а потоа ќе ги жнееме плодовите од нашата работа, нагласи премиерот. 

Тој потсети дека воедно се почнати и реформи во Министерството за внатрешни работи. Мицкоски нагласи дека целосно е решен хаосот со издавање на пасоши, набавена уште една машина за печатење лични документи и целосно решен процесот на издавање на лични документи.

Целосно се реновирани управни служби во Скопје со кои граѓаните на Скопје ќе имаат пристап до брзи, модерни и навремени услуги. Во завршна фаза е системот „Безбеден град“, за автоматска евиденција на сообраќајни прекршоци за безбедност во сообраќајот. За 10% се зголеми платата за сите вработени во Министерството за внатрешни работи. Вработени се 1000 полициски служебници. Обезбедени се 36 нови возила за полицијата за поголема ефикасност и модернизација во секој сегмент на работењето на полицијата, рече македонскиот премиер.

Мицкоски додаде дека е зголемена целосната ефикасност на полицијата со севкупен криминалитет за 5.8%, оти се разбиени голем број криминални групи од областа на огранизираниот крминал, корупцијата, нелегална трговија со дрога и оружје. 

Премиерот нагласи дека во делот на правдата е поништена одлуката на минатата влада за десеткратно поскапување на нотарските тарифи.

По 14 години овозможивме целосна имплементација на системот Фемида – аудио-визуелен систем за снимање на судските рочишта, за транспаретност и одговорност на судството пред граѓаните. Сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување, рече премиерот Мицкоски.

Тој во обраќањето се осврна на делот на меѓуетничките односи, истакнувајќи дека се работи на нивно релаксирање.

Усвоивме нова програма за унапредување и поддршка на етничките заедници со цел унапредување на меѓуетничките односи и јакнење на мултикултурната кохезија, како и промоција на мултикултурните вредности. За прв пат е изработен Стратешки план за гарантирање на правата на сите етнички заедници и унапредување на меѓуетничките односи, рече Мицкоски.

Тој додаде дека многу е напеавено и во сферата што ја опфаќа Министерството за одбрана и оти таму има поголеми достигнувања. 

Процесот на модернизацијата на Армијата е процес кој се реализира со силен интензитет и е поддржано од одбранбениот буџет. Оваа година одвојуваме 32 проценти од буџетот, односно 106 милиони евра што е 18 милиони евра повеќе од минатата 2024 година. Едноставно кажано, модернизацијата нема да запре, туку напротив – ќе се интензивира. Се обезбеди зајакнување на армиските капацитети со прием на нови 300 војници, 10 подофицери за потребите на Воздухопловниот ВИНГ и 60 офицери за доусовршување на подофицери. Се исплаќаат заостанатите обврски за процесите кои беа отпочнати од минатата власт. Воедно Македонија го презеде претседателство на ЕУСАИР во мај 2025 година до мај 2026 година, истакна македонскиот премиер. 

Тој во обраќањето се истакна и дека Македонија е прва земја од регионот, потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија, што еодраз на одличната и континуирана соработка со Унијата и претставува клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, рече македонскиот премиер. 

Поврзани вести