Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на 18 јануари заминува за САД, што се совпаѓа со инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, која ќе се случи на 20 јануари. Во интервјуто за МИА, Мицкоски вели дека во Вашингтон ќе побарал поддршка од стратешкиот партнер за евроинтеграциите. Тој вели дека бил предвидени многу средби и разговори со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон.
Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Навистина ќе имам квалитетни средби од тоа што е досега договорено со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон и очекувам да го привлечам вниманието и со поинаква оптика да гледаат кон Балканот. Мораме прво регионално да го привлечеме вниманието, односно оптиката на Вашингтон да гледа кај нас како регион, не како единка во тој регион. Ако го гледаме Балканот како целина, како регион, тогаш низ оптиката на Вашингтон поубаво можеме да ги гледаме работите и сакам сето тоа да го презентирам таму кои се предностите коишто ние како мала, убава земја во срцето на Балканот ги нудиме, но и кои се предизвиците за регионот – вели Мицкоски за патувањето во Вашингтон..