Skip to main content

Мицкоски: Карпалак е рана, но и аманет

Денеска во месноста Карпалак се одбележуваат 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи посочи дека Карпалак е рана, но и аманет,

Слава за хероите од Карпалак.

Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува.

Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети.

Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.

Македонија никогаш нема да ве заборави!

Карпалак е рана, но и аманет, пишува Мицкоски во својата објава.

Поврзани вести