Skip to main content

Мицкоски и Перински утре во Ново Село, увид во изградба на пешачка и рекреативна патека

Ве информираме дека утре, недела (30.03.2025 год.), во рамки на теренските посети „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе ја посети Општина Ново Село и ќе одржи работна средба со градоначалникот Ѓорѓе Божинов и членовите на општинскиот Совет.

По средбата, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и други владини претставници, ќе извршат увид во градежните активности на проектот изградба на пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево.

Во 12 часот, на излез од Ново Село, пред зградата на сточен пазар  предвидени се изјави за медиумите.

Поврзани вести