Skip to main content
8W3VaXNzV44

Мицкоски: Годинава нема избори

 Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава нема да има предвремени избори и оти ова е реформска година и година на консолидирање. Би сакал, вели, да има редовни парлемантарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвена доколку тие се одржат една година порано. 

– Некои од партиите се исплашија од оваа изјава за избори. Но мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидирање. Јас би сакал да имаме редовни избори, кои ќе се одржат набргу, пролетта 2028 година – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став за неговата вчерашна изјава, која одредени партии ја протолкувале како најава за избори.

Во врска со тоа дали 2027 година е опција, премиерот Мицкиски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвена да оди на избори и да победи.

– Но она што ние сега го правиме и она што го има нашиот фокус е тоа да испорачаме реформи и да ја зголемиме економската активност и да го зголемиме стандардот на граѓаните – рече Мицкоски. 

Рече дека тоа што споменал оти набргу може да има избори, значи дека такви се законите и оти тие се одржуваат на секои четири години. сст/са/

фото принтскрин

Поврзани вести