Skip to main content

Мицкоски: Филипче со изјавата дека сме авторитарна држава си прави лош пи-ар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ја слушнал изјавата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дадена во Атина, во која вели дека нашата држава е авторитарна и изрази жалење што лидерот на опозицијата има такво чувство.

Јас па напротив мислам дека поголема слобода во општество, во оваа една година, која што е и во медиумите, не постоела. Можеби треба да го прашате врз основа на кои критериуми, кои параметри, тој носи ваков заклучок. Но, јас не мислам дека тоа е така, дури и ако ги гледате извештаите од реномирани меѓународни институции, дури и од Репортери без граници ќе видите дека во рамките на слободата ние напредуваме. Ние назадуваме во рамките на рефлектирањето на лажни вести и обидот да се спинуваат одредени вистини – изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски упати совет до претседателот на опозициската СДСМ, Филипче дека ваквите изјави не само што се лош пиар политики за него, туку се сосема погрешни.

Можам само да го советувам која било изјава политичка, без разлика каква и да е, која доаѓа од некридибилна личност, посебно тоа што го рефлектира, не го чувствуваат граѓаните, ниту кој било друг тогаш тоа му се враќа како бумеранг и не само што нема добар пиар политички за него, туку напротив сосема погрешно – рече Мицкоски.

Прашан дали преговара за проширување на парламентарното мнозинство, бидејќи уште се заглавени неколку закони во македонското Собрание, немајќи бадентер, особено за гласање на Државниот инспекторатот за јазиците, Мицкоски со одговор дека тоа што опозицијата го прави во Парламентот е навистина без преседан, бидејќи вработените шест месеци не можат да земат плата.

Нашиот предлог е тие луѓе согласно измените во законот, бидејќи тие го гласаат, тогаш да прејдат во Министерството за правда и да може министерот за правда да потпише плата за изминатите шест месеци, за да не влегуваме во процес на создавање на поинакви начини на создавање на мнозинство, кое што е потребно за гласање, а потоа веднаш да почнеме процедура, да изгласаме измени во друг Закон, каде што инспекторат ќе биде орган во состав на Агенцијата, бидејќи Агенцијата е таа којашто креира политики, околу употребата на албанскиот јазик, а овој инспекторат треба да спроведува, односно да проверува, дали тие политики се спроведуваат – изјави Мицкоски.

Премиерот забележа дека во овој момент е многу важно сите заедно, без политизирање да се изгласаат овие две работи, за да можат вработените да земат плата.

Јас не би сакал во некои поинакви сценарија да влегувам и како Влада итн. Дајте луѓето да си земат плата, тука нема политика, исто какошто гласаа ..во Законот, можат да го изгласаат и ова, нема да изгубат ништо, туку напротив ќе добијат, ќе покажат големина – рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку опозицијата не даде поддршка на овој Закон, како Влада веќе имаат планови, бидејќи не може да се остават вработени без плата

Ние сме Влада на сите граѓани и ќе сториме се што е во наша моќ ова да се надмине – вели Мицкоски.

Поврзани вести