Skip to main content

Миа е првото битолчанче во 2025 година

Битолчанка на 25 годишна возраст на свет донесе здраво женско бебе кое ќе се вика Миа. Мајката имаше посета во ЈЗУ Клиничка болница-Битола од градоначалникот Тони Коњановски.

Миа е првото новородено бебе во новата 2025 година, потврди Михајло Вангелов, раководител на одделението за гинекологија во ЈЗУ Клинична болница-Битола, додека од приватната болница „Плодност“ информираа дека првото новороденче е машко бебе.

Според востановената традиција, на новите жители на градот, градоначалникот Коњановски им додели пригодни новогодишни подароци. 

Поврзани вести