Skip to main content

Марта Кос изрази длабоко жалење за страшната трагедија во Кочани

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази длабока тага поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите.

Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс.

Изразувајќи сочувство за загинатите, Кос наведува дека нејзините мисли се „со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија!“.

Најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.

Поврзани вести