
Главна тема за муабет оваа недела се камерите на улиците во Скопје. Каква политика, какви Бугари или Европска унија.Македонецот можеш да го кренеш само ако му брцнеш во џебот. Профункциоира системот сејф сити.

За среќа само пробно.Нема возач во Скопје кој не доби опомена за зголемување на брзината макар и за десет километри. Колку и да не боли за парите, само вака може да се научиме на ред во сообраќајот. Сите пари на светот не вредат колку еден еден спасен човечки живот. Размилете и намалете ја брзината. За наше добро, коментира авторот на ТВ Колумната “5 минути со Чавез“.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами се појави во свечената ложа во Приштина со Албин Курти на мечот меѓу Дрита и Шкендија. Гледаа дуел на две албански екипи,како што беше најавен мечот.
Сте го виделе некогаш Касами на меч на македонската фудбалска репрезентација. Македонија него не го интересира, дури и синот то прати да игра за репрезентацијата на Албанија. Замислете син му да заигра за А репрезенттацијата на западниот сосед и играат против Македонија. Седнат Касами во ложата на Градски, како сега со Курти, и за кого ќе навива,за Македонија или за Албанија, ќе го вее знамето со сонцето или двоглавиот орел. Или може на еден бајрак ќе ги стави двете знамиња, сосе она на УЧК. Се има и со него сликано. Што да правиме кога Касами љуби знамиња.
Уставната судијка Добрила Кацарска е решена до крај да одработи за опозицијата. До пензија. Откако ги прати на 200 години робија обвинетите во случајот „27 април“ сега им се нафрли на пензионерите. И тоа на тие со најниски примања. Добрила е подносител на инцијативата со која најверојатно ќе се укине линеарното зголемување на пензиите.

Кога таа беше главна во судството најниските пензии беа 12. 000 денари, сега се 18.000 . Сто евра за пензионери кои едвај го поминуваат месецот се плаќање на сметки или полнење на фрижидерот. Ете на протестот пред уставен пензионерите се изјаснија дека без зголемување на најиските пензии ќе немаат ни за леб. Ама од кај да зна.е Добрила што значи преживување. Таа се секира како да се одмрзнат платите на судиите и обвинетите кои изнесуваат три-четири илјади евра. Четири бона месечно за два посто доверба.
Како Кацарска не се сети побрзо да се стави на дневен ред иницијативата на Лиле Поповска за вториот протокол со Бугарија кој го потпиша Бујар Османи и со кој нашите драги комшии можат да не блокираат кога ќе им текне. И законот за јазици стои во фиоките кај Добрила и компанија. Ама таа се фатила за пензијата. И тоа не за нејзината. Нејзината пензија ќе биде неколкратно поголема. Идејата со линеарното зголемување е социјална мерка за да им се помогне на тие со најниски пензии кои се во најголем број. Но, како се вели ситиот не верува на на гладниот. А Добрила сигурно не е од гладните, туку од алчните.
Ако на Бугарија нешто треба да им се признае е тоа дека маестрално ја играа медиумско-разузнувачко/политичката игра против Македонија.
Прогагандата , односно омраза против Македонија е пуштена на најако.Здруженија,, фејсбук страници финаснирани од Бугарија го запоседнаа медиумскиот простор. Се фалеа дека ќе делат маици со натпис „Бугарија“ низ средни училшта низ Скопје а подаруваа и ресивери за гледање бугарски телевизии. Фали уште да не натераат да ја славиме Санстефанска Бугарија. . СДСМ и тоа би го прифалиле. Се за ЕУ, како што викааат на Бихаќка.. Јазикот, историјата и Уставот ли ќе не ранат, се коментира во колумната.
Последна е игранката со новинарот Владимир Перев кој лаже дека бил тепан и напднат Тоа беше повод да реагираат познатите будалетинки Андреј Ковачев Ангел Џамбаски и Красимир Каракачанов дека тоа било напад врз Бугарите. Дури и се собраа на протест во Софија да ни порачаат дека Македонија била вештачка творба и оти Бугарите требало да бидат државотворен народ во Македонија, не малцинство.

Големата игра е Бугарите да влезат во Уставот, но тогаш за Бугари нема да се сметаат само оние две три илјади Бугари по професија од пописот, туку сите стотина илјади што се направија Бугари за да работат на бауштелла во Германија. Србите ова го викаат продали веру за вечеру. Баравте-гледајте.

Македонски







