
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес конференција порача дека поднесени се две кривични пријави за вкупно 34 лица и три правни лица, а не ја исклучува можноста понатаму да бидат опфатени многу повеќе осомничени во рамки на истрагата.
Тошковски одговарајќи на новинарски прашања рече дека ќе биде земено и тоа во предвид дека во декември дискотеката била затворена од УЈП поради неиздавање фискални сметки, апотоа била повторно отворена. Додаде дека не се исклучени од понатамошна одговорност и началниците и службениците од СВР Штип и ОВР Кочани кои тој ги разреши пред некој ден, но дека за тоа треба прво да постои „одреден степен на сомнение“.
– Не можам да се зложам дека актуелни вработени не се дел од осомничените. Во оној момент кога ќе ги утврдиме сите факти, дали имаат директна или индиректна поврзаност со предметот, ние ќе постапиме и секој ќе биде повикан на одговорност
Истрагата формално е отворена вчера со поднесувањето на кривичните пријави. Секој еден детал должни сме да го анализираме и тоа ќе го сториме. Дејноста се презема по насоки на јавниот обвинител и нема овде наши и ваши,туку почитување на процес на правда, рече Тошковски.
Како што вели, МВР во соработка со ОЈО ја завршила првата фаза од постапувањето околу пожарот во дискотеката во Кочани.
– Поднесени се две кривични пријави против вкупно 34 физички лица и три правни лица за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со предизвикување општа опасност по член 288 од КЗ, при што едно лице е пријавено и за примање поткуп по член 357 од КЗ, вели Тошковски.