
Во пожарот во дискотека во Кочани меѓу 59 загинати се и тројца граѓани на Пробиштип, двајца средношколци и еден полициски службеник. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов денеска на својот фејсбук профил објави дека на градскиот плоштад „Свети Гаврил Лесновски“ се поставени три книги на жалост, за тројца сограѓани кои трагично ги изгубија животите во кобната несреќа во Кочани.
Тоше Тодоровски, одговорен и совесен полициски службеник, посветен татко на две малолетни дечиња. Никола Насевски и Матеј Марковски средношколци, прекрасни деца во цутот на младоста, напиша Анастасов.
Посочува дека Пробиштип нема да ги заборави, и секогаш ќе бидете во нашите срца.
Нека Бог ве насели на местото каде што почиваат праведниците, стои во објавата на фејсбук профилот на Анастасов.