Skip to main content

Костадинов најави субвенции за новородено дете и за секое прваче, а младите брачни парови во Чешиново Облешево ќе бидат ослободени од комуналии за изградба на дом

Принтскрин од видео

Многу проекти со прецизно утврдени рокови на реализација најави кандидатот за градоначлник на Општина Чешиново-Облешево од ВМРО-ДПМНЕ, Јорданчо Костадинов на денешниот митинг.

Првата година од мандатот, грижата за децата ја ставаме на прво место. Субвенција за секое новородено дете и субвенција за секое запишано прваче, како и за секое талентирано дете и студент од нашата општина. Модернизација на двете училишта во општината по европски стандарди. Секој млад брачен пар кој ќе одлучи да гради дом, ќе биде ослободен од сите комунални и административни такси. За сите пензионери ќе овозможиме простор за релаксирано дружење, истакна Костадинов.

Тој најави помош за сите спортски клубови и изградба на спортски терени.

Во програмата има проекти за чиста еколошка средина, како и организирање на манифестацијата „Денови на оризот“.

Поврзани вести