Skip to main content

Костадинов го замрзна членството во партијата: Посакувам СДСМ да победи барем во една општина

Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што ѝ е местото, напиша градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов на својот профил на Фејсбук.

Тој не доби шанса за нов градоначалнички мандат.

„Во изминатите 11 години, не изгубив ниту едни избори. Не затоа што бев најгласниот, туку затоа што луѓето гледаа нешто друго во мене – работа, доследност и љубов кон градот. Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите“, напиша Костадинов, кој додаде дека посакува СДСМ да победи во барем една општина во Македонија.

Во Струмица кандидат за градоначалник ќе биде Марјан Даскаловски.

Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара повторно доверба кај граѓаните, Филипче смета дека „актуелниот градоначалник на Струмица треба да се стави на располагање на партијата чесно исто како што партијата била тука за него во изминатиот период“.

Поврзани вести