Skip to main content

Коста Хиохи, носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ во Струга: Нудиме конкретни проекти, граѓаните можат да донесат промени

Принтскрин од видео

Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Струга, Коста Хиохи на денешниот митинг истакна дека за градот има надеж, а граѓаните можат и мораат заедно да донесат промени за идните генерации.

Како советничка листа нудиме конкретни проекти, визија за Струга и подобар и поквалитетн живот за сите граѓани. Со првото влегување на советот се обврзуваме на битка за спречување на владеењето по принцип како до сега. Ќе иницираме конзервирање на дивата депонија до нејзина конечна дислокација. Паралелно ќе извршиме ревизија на функционалноста на водоводната мрежа и детекција и санација на дефектите и дивите приклучоци, нагласи Хиохи.

Тој посочи дека во моментов 400 деца чекаат на прием за градинка, а најави изградба на нова градинка. Најави вложување во спортот со посебен акцент на спортските колективи кои имаат статус на спортски споменици, како и финансиски средства за заживување на старата архитектура.

Се обврзуваме да се избориме за градба на катни гаражи со над 300 возила во најфреквентните делови во градот со цел да го решиме проблемот со сообраќајниот хаос. Нашата програма е реална и финансиски издржана, нагласи Хиохи.

Поврзани вести