
Според информациите што ги изнесе Јавниот обвинител постои основано сомнение дека првоосомничениот во истрагата, кој се јавува како закупец на објектот, реален сопственик и носител на целокупниот деловен потфат и работењето на клувот, во периодот од 13 феврурари 2024 година до 13 феврурари 2025 година директно на осомничено службено лице вработено во Министерството за економија дал поткуп за да обезбеди фалсификувана лиценца за вршење на угостителска дејност, за која објектот не ги исполнувал условите.
Во врска со тројцата осомничени градоначалници на Кочани, еден во оставка и двајца поранешни, дрѓавниот Јавен обвинител соопшти дека тие се гонат затоа што во периодот од 2012 година до денот кога се случи пожарот (16 март 2025) му овозможиле т.н. кабаре „Пулс“ да ја врши дејноста спротивно на закон и за целиот тој период Општината имала основ за насоместок за угостителски објект.
Поранешен министер, ексдржавен секретар, раководител на сектор, раководител на одделение и помлад соработник, сите во Министерството за економија, се дел од 27-те осомничени за пожарот во Кочани, а за кои Основното јавно обвинителство Кочани денеска отвори истрага и предложи мерка 30-дневен притвор, која за дел од осомничените е веќе прифатена од надлежниот суд во Кочани.
Ова денеска на прес-конференција пред Основниот суд во Кочани го соопшти државниот јавен обвинител, Љубомир Коцевски, изнесувајќи повеќе информации зa донесената наредба за спроведување на истражна постапка.
Тие, како што информира Коцевски, со неизвршување на своите должности овозможиле објектот во Кочани во кој загинаа 59 лица да работи како кабаре клуб, иако за тоа не ги исполнувал условите.
„Сите тие со неизвршување на своите службени должности што биле правно должни да ги извршат, не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на осомниченото правно лице кое не ги исполнувало пропишаните услови и начин за вршење на угостителска дејност во повеќе наврати со лиценци му овозможиле вршење угостителска дејност – кабаре“,рече Коцевски.