
Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба за лична корист, неофицијално, е приведена во полициска акција во Скопје, дознава „Република“.
Според неофицијалните информации, користејќи ги овластувањата од функцијата, вршела контрола и барала документација која не била потребна, а издавањето позитивен записник го условила со паричен износ.

Пораката е јасна: нема простор за злоупотреба на службената положба. Секој што е платен од граѓаните има обврска да си ја врши работата професионално и законито, а не да бара незаконска корист користејќи ја функцијата.
Институциите функционираат, а со секоја ваква реакција се испраќа јасен сигнал дека нема заштитени и привилегирани законот важи за сите.

Македонски


