Skip to main content

Клековски: За Денот на лица со мултипла склероза 60 отсто зголемен буџет за биолошки лекови 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, порача дека за Светскиот ден на лицата со мултипла склероза, наместо честитки, има 60 проценти зголемен буџет за биолошки лекови.

Денеска се одбележува Светскиот ден на лицата со мултипла склероза (МС), за  подигање на свеста за оваа хронична болест и за поддршка на сите кои се соочуваат со неа. Имав можност на настан на Национално здружение за МС да споделам што Фондот за здравствено осигурување на Македонија има направено и ќе направи за подобрување на здравствената заштита на лицата со МС, посочи Клековски.

Тој рече дека во државава има околу 2.300 лица со МС, секоја година се дијагностицираат 100-120 нови случаи, 700 пациенти се на терапија, а 100 се дел од клинички студии, другите не им е потребна терапија или се на алтернативни терапии.

Како што додаде тој, од 200 пациенти кои примаат биолошка терапија во 2025 година, бројот се зголемил на 250, додека 450 се на друга терапија. Како што рече Клековски, 50 чекаат премин на биолошка терапија.

Фондот досега се посвети на зголемување на опфатот со терапија и буџетот за третман со биолошка терапија на Клиниката за неврологија во Скопје се зголеми на близу 400 милиони денари (околу 6.5 милиони евра) во 2025 година, од 250 милиони во 2024 година или зголемување од околу 60 проценти. Со тоа нема да има пациенти кои се на листа на чекање за биолошка терапија, нагласи Клековски.

Како што најави тој, следни чекори се децентрализација на терапијата се вклучување на нови центри за МС надвор од Универзитетската клиника за неврологија како ГОБ „8 Септември“ во Скопје), „Свети Еразмо“ во Охрид и Клиничката болница – Штип, што имаат капацитет и тимови за дијагностика и третман со биолошки лекови, потоа дистрибуција на лекови на 3 месеци наместо на 1 месец и анализа на можностите за дистрибуција преку инсулинските аптеки што ги има во повеќето градови.

Придобивки од нови центри: подобар пристап до терапија за пациентите низ цела Македонија, растеретување на Клиниката за неврологија, развој на регионалните болници и зголемување на нивните услуги. За бањската рехабилитација, Фондот ќе одобри важност на решенијата од 6 месеци, наместо досегашните 2 месеци, додаде тој. 

Поврзани вести