
Обвинителите Бурим Рустеми и Лиле Стефанова најавија кривиични пријави за бизнисменот кој се појавува во новата афера наречена „Рекет 2“. Тие сметаат дека бизнисменот лажно ги пријавил оти бил изложен на рекет.
„Република“ му постави неколку прашања на Рустеми. Го прашавме обвинителот како во услови кога предистрагата е тајна тој знае какви докази има во кривичната пријава.
Знам бидејќи јас го работев предметот и поднесов обвинение против него вели Рустеми за „Република“
Го прашавме и дали со најавата за кривична пријава против подосителот не е е еден вид на закана.
Не е закана бидејќи е лажна пријава. И тој самиот знае дека приајава е лажна, убеден е Рустеми,
На нашето прашање како знае кој е подносителот тој повтори дека го работел случајот и оти оттаму знае кој му ја поднел пријавата.

Рустеми и Стефанова се уште ја немаат поднесено пријавата која ќе биде за лажно пријавување на кривично дело во случајот „Поштенска банка“