
Имавме кујна и еден ден отидов да си земам кафе. Излегувам од канцеларијата и ги гледам Зоран Заев и Шеќеринска, така на колена нешто со некои хартии. Ги гледам Ленче (Ристовска, нз.), Фатиме (Фетаи, н.з.), беа и Лиле (Стефанова, н.з.) и Гаврил (Бубевски, нз.). Велам, луѓе, што прават овие овде, што прават Заев и Шеќеринска тука?. Што бараат да влезат во Обвинителството. Ни шефот на Обвинителство, Јанева, не е тука, ниту останатите обвинители не се тука. Што бараат овие двајца тука? Ленче ми рече дека ги донеле материјалите. Молам? А, ја прашувам, кој ќе пишува записник за примопредавање и како ќе ги примите тие материјали кога шефот не е тука. Но, очигледно овие четворица беа шефови. Па, ми вели Ленче, нема да пишуваме записник за примопредавање. Значи, држава паѓа. Цел свет слуша муабети со кои Зоран Заев мавта на плоштадот, а во Обвинителство се внесуваат без записник за примопредавање. Нечуено“, вели поранешната обвинителка од Специјалното јавно обвинителствоЛејла Кадриу за тоа како работело Специјалното јавно обвинителство со кое раководеше Катица Јанева, а за чие постоење немаше уставен основ.
Нејзиното сеќавање за тие денови, за деновите кога и самата била член на СЈО, таа го изнесе на ТВ АЛФА, во емисијата на Богдан Илиевски.
Не, не. Ниту обвинители не смеат да се согласат на тоа, зашто единствен кој имаше право на потпис на сите акти што ги донесуваат обвинителите беше Катица. Значи ние не потпишувавме наши акти што ги работевме. Ние ќе изработиме, она ќе става потпис. И како сега овие четворица и искусни, демек, обвинители, значи газат по закон“, вели Кадриу.
На прашањето како тие знаеле дека треба да дојдат на работа, кога Јанева рекла тој ден да не се доаѓа и како знаеле дека тука ќе бидат Заев и Шеќеринска, Кадриу вели:
Па очигледно дека Катица не морала да доаѓа, бидејќи изгледа не била некој фактор таму. Испаѓа дека важно било овие четворица да бидат таму.
Потоа не помина ни две недели, бев категорична и цело време инсистирав на тоа како може да се примаат материјали без записник Тоа значеше компромитирање на цела држава со тие глупости. Компромитираме цела држава, примаме материјали без записник. Значи во секое време може секој да додаде, да одземе и никому ништо“.
Според Кадриу, таа четворка, Фетаи, Бубевски, Стефанова и Ристовска, секогаш го наметнувала своето мислење, а Бубевски се заканувал дека без него ништо не може да помине. И тоа го кажувал пред другите обвинители.
Тој доаѓаше на колегиум со четири телефони на маса. Внимавајте, за сите нас се проверуваше да немаме камери и да нема,е микрофони, да не се снимаат нашите меѓусебни разговори, а тој доаѓаше со четири телефони на маса. На среде колегиум ќе му заѕвони еден телефон, другите три остануваат. Излегува и доаѓа, кажува што да правиме. Значи, на крај се покажа дека тоа повеќе личеше на штаб на СДСМ, отколку на СЈО кое треба да се занимава со некој висок криминал“ вели Кадриу.
За трошењето пари од четирите милиони евра годишно, истакнува дека имало листи за тоа кој се земал плата, а на тие листи имало роднини на политичари, нивни деца или, како што опишува со еден збор – „чуда“.
А еден ден, во нејзината канцеларија влегол некој човек.
Добар ден, обвинителке, ми вели, јас сум советник на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Го прашувам што бара тука. Тој знаеше кој предмет го работам, а таа информација ја имаше само Катица. И пак го прашувам што бара кај мене во канцеларија. А, тој ми вели: Знаете обвинителке, вие го работите тој и тој предмет, ама треба да се прошири“. И ми ги кажува лицата против со кои тој предмет треба да се прошири. Му велам, ти си советник таму на политички поставена личност, а доаѓаш кај мене, јавен обвинител под заклетва, да ми кажуваш што да правам со моите предмети. Надвор да те нема. Надвор да те нема од канцеларија. И го избркав“, тврди Кадриу.
Таа смета дека советникот на Спасовски тоа го правел и кај другите обвинители, само што тие си молчеле.
Тоа беше лов на вештерки. Значи се донесоа тие материјали и беа предадени без записници, ама требаше да се врши притисок и врз судиите за да напишат тоа што мора да помине. Материјалите да станат доказ и да се прифат обвиненијата да се создадат услови да се врши притисок на сите судии што да напишат глупо за тоа мора да помине. Сите беа под лупа, да се соработува. Значи, тоа не беше обвинителско и професионално однесување, тоа беше каубојско однесување“ вели Кадриу.
Според неа, самото СЈО и Законот за СЈО биле спротивни на Уставот и на законите на нашата држава.
И на Уставот и на законите. Се донесе некој специјален закон за тоа Обвинителство, за нелегално прислушуваните разговори. Се донесе таков еден „лекс специјалис“ кој имаше неколку членови, што уредуваа со кои материјали може да се занимава тоа Специјалното јавно обвинителство. Значи, само што ќе произлезе од тие нелегално прислушувани разговори и ништо друго. Требаше да се види и да се најде дали може да се докаже кривично дело. А самите разгвоори не покажуваа крининал зашто вербален делик не постои. И само беше прашање да се провери дали од тие нелегално прислушуваните разговори, може да произлезе некое кривично дело“, вели Кадриу.
Таа тврди дека и содржински самиот Закон беше „накрвиво“ поставен, бидејќи обвинетите немаа право на жалба на одлуките на обвинител од СЈО што е спротивно на Уставот, како и на самиот Закон за СЈО.
Тоа што тие што беа предмет на СЈО немаа право на жалба беше спротивно на Законот. Општите правила велат дека некој мора да ги проверува одлуките на обвинителот. Тука немаше такво нешто. Катица се ставаше над законот. Во еден случај, јас донесов такво решение со право на жалба пред Вишото јавно обвинителство. Таа ми рече дека тоа не доаѓа во предвид, нема каде да се жалат, „ние сме алфа и омега“, Кадриу ги цитира зборовите на Катица Јанева.
Таа истакнува дека по изборот на првиот тим на обвинители во СЈО, седум од нив, тие не смееле да положат заклетва се додека во тимот на Катица Јанева не биде не биде донесен и Гаврил Бубевски, доскорешен раководител на скопското ОЈО.
Катица велеше дека мора да биде Гаврил. Како може да се почне без Гаврил. Мораме тоа да го направиме, нема да одеме на заклетва, велеше. Не верувам дека се знаеле од порано, бидејќи тој е од Берово, а таа од Гевгелија, така што немаа допирни точки. Но, веројатно е дека некој и го сугерирал Бубевски, бидејќи потоа се покажа дека тие заедно направија некои работи кои можеби некому друг не му паѓаа в очи, но мене ми пречеа“, вели Кадриу.
При почетокот на основањето и постоењето на СЈО, таа вели дека ништо не се работело. Имале обуки со странци, како што вели, „од некои служби“. Ништо друго.
Знаете, Јанева велеше дека таа е девојка од милион долари. И бидејќи веќе беше 15 октомври 2015 година, а СЈО имаше на сметка милион евра, мораше да се потрошат тие пари, зашто на крајот од годината, ако останеа непотрошени, државата ќе ни ги земеше назад во буџетот. Така, за два ипол месеци мораше да се потрошат милион евра, инаку ќе ни ги земат“, вели Кадриу.
Годишниот буџет на СЈО беше четири милиони евра, но на почетокот, на 15 октомври 2015 г. имале еден милион евра и за два ипол месеци морале да ги потрошат, иако ништо не работеле.
Не знам како, но најдоа начин да ги потрошат. И тоа трошење треба да се провери. Тука треба да се направи добра финансиска истрага. Не е чесно кон граѓаните на нашата држава“ истакнува таа, додавајќи дека само за кафе, за лешници, за бадеми и сл. се трошеле по две илјади евра месечно.
Кадриу денес е адвокат. За себе таа вели:
Имам завршено два правни факултети, на Тетовскиот и на Приштинскиот универзитет. Магистер сум по форензички науки. Тој дел го завршив на Факултетот за безбедност, тука во Скопје. Мотив за магистратурата за форензика, беше токму тоа што бев обвинител, и сакав да знам и да бидам сигурна како да се наоѓаат трагите, како да се докаже кривичното дело, за да можеш во судница да влезеш, што се вели, со чист образ и со докази. Новиот Закон за кривична постапка предвидува една законска норма која вели дека се што е сомнително оди во полза на обвинетиот. Во многу случаи се влегува во судница со несигурни докази. Со такви докази никогаш не сум сакала да влезам во судница. Инаку мајка на четири, факултетски образовани деца, со докторати. Значи, една горда мајка“.

Македонски



