Skip to main content

ЈО откри шокантни информации за случајот „Онкологија“: Им давале терапија на пациентите, а знаеле дека немаат никаква корист од неа и дополнително го влошувале нивното здравје

Јавното обвинителство денеска на прес-конференција откри шокантни информации околу истрагата за случајот „Онкологија“.

Медицинскиот директор е обвинет за незаконска набавка на лекови од Фондот за здравствено осигурување, а за третманот пациенти опфатени се четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на Онкологија.

Медицинскиот директор притоа се стекнал со противправна корист во висина од 13 милиони денари.

Во врска со третманот на пациенти опфаќа четири лекари онколози, меѓу кои и поранешен директор на онкологија во сооднос со друг лекар, и другите двајца лекари се обвинети несовесно лекување болни. Со медицинските вештачења кај 29 пациенти првообвинетиот поранешен директор на клиниката применил неподобен начин на лекување, и притоа давал лекови од новите генерации на таргет и имуно терапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите. Во дел од случаите ова му било овозможено од второбвниетиот кој ставал факсимил. Другите двајца лекари одредувале терапија со лекови од новите генерации, во фаза кога пациентот воошто нема да има никаква корист од таквиот лек, со отстапување во дозирањето, со што дополнително ја влошиле нивната состојба, рекоа од Обвинителството.

Поврзани вести