Skip to main content
ВМРО ДПМНЕ

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат, кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи Мицкоски?

ЈО и Коцевски повеќе да не молчат, кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки и кој наредил да се следи претседателот Мицкоски, прашуваат од владејачката ВМРО ДПМНЕ

ЈО да не молчи, итно да реагира и да спроведе темелна и транспарентна истрага за незаконското следење на претседателот Мицкоски, новинари, бизнисмени и останати партиски функционери, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение што МИА го објавува интегрално.

Дали ЈО и Коцевски ја штитат политичката мафија или правдата во државата?

5 години службите на АНБ и АР биле под целосна партиска контрола на СДС и ДУИ каде институциите биле злоупотребувани а човековите права целосно нарушени.

СДС и ДУИ ги злоупотребувале институциите и нанеле директен удар врз демократијата и основите на правната држава.

СДС пет години ги рушела темелите на системот и правната држава заради теснопартиски интереси со цел што подолго да се задржат на власт. За таа цел се конструирале белешки од АНБ.

ЈО и Љупчо Коцевски да престанат да бидат сервис на партиската врхушка на СДС и ДУИ.

ЈО и Љупчо Коцевски да се одважат и да започнат да работат во интерес на правото и правдата во државата.

Љупчо Коцевски лично и директно сноси одговорност за мизерната доверба на граѓаните во правосудството која е под 2 проценти. Молкот на Коцевски е соучество и организирано прикривање на незаконското следење.

ЈО да открие кој стои зад незаконското следење на претседателот Мицкоски и кој ги злоупотребил АНБ и АР за политички пресметки, велат во партиското соопштение од ВМРО ДПМНЕ.

Поврзани вести