Skip to main content

Јаневска: Со европска помош го унапредуваме образованието на медицинските сестри и на акушерките, инвестираме во нивното задржување дома

Проектот за унапредување на образованието за медицинските сестри и на акушерките и воспоставување на систем за признавање на професионалните квалификации ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди, рече министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот со кој беше означен почетокот на проектот, што е финансиран од ЕУ и се имплементира со поддршка на Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, техничка помош на Канцеларијата на СЗО во Скопје и македонското Министерство за здравство.

Здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4.700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри. Во образовниот профил гинеколошко-акушерска сестра, од прва до четврта година, има вкупно 406 ученици. Дел од нив продолжуваат на студиските програми од прв, втор и трет циклус на студии.

Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Нашата држава треба соодветно да го цени нивниот придонес, преку конкурентни плати и можности за професионален раст и напредок, за да можеме да ги задржиме меѓу нас. Како лекар можам со сигурност да кажам дека тие се столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита“, нагласи Јаневска.

Важен аспект на Проектот е воспоставувањето на системот за признавање на професионалните квалификации, што ќе овозможи препознатливост на стекнатите дипломи.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom