
На 1.7.2025 година (вторник) во 11часот во просториите на Македонската банкарска асоцијација, министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе присуствува на доделување на награди на учениците од Македонија кои освоија второ место на Европскиот квиз на пари 2025 година, соопштија од Министерството за образование и наука.
Европскиот квиз на пари е проект за финансиска едукација на ученици на возраст од 13 до 15 години на Европската банкарска федерација и се одржува од 2017 година.
Македонските претставници на Европскиот квиз на пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, на 23 мај во Брисел го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост.