Skip to main content

Јанев: Со дигитализацијата зголемена бројката на лица детектирани по потерници на граничните премини

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека интензивно се работи за воспоставување на системот „One Stop”, на граничниот премин Табановце – Прешево со Србија.

Во делот со Република Србија работиме интензивно, тест фаза е, останува договорите да поминат во двата парламенти и набрзо ќе добиете информација дека и тој систем ќе биде во функција, во многу блиска иднина сето тоа ќе се случи, изјави Јанев.

Тој потсети дека веќе постојат успешно воспоставени „One Stop“ системи на граничните премини со Косово, на Блаце и Јажинце.

Во контекст на дигитализација можам да кажам дека бројките се солидни во начинот на тоа што откриваме на граничните премини, колку лица се детектирани по потерници и изведени пред лицето на правдата, нешто што не беше случај пред два месеци, рече Јанев.

Како што најавија претходно од Министерството за внатрешни работи, One Stop“ системот кој неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, набрзо ќе биде пуштен и со Република Србија, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји – соседи кои не се дел од Европската Унија.

Поврзани вести