Skip to main content
ВМРО ДПМНЕ

Јакимовски кандидатот на Заев и Филипче санкциониран на црната листа на САД не може да биде изборот на карпошани

Стевчо Јакимовски е лице ставено на црната листа на САД за криминал и корупција. Јакимовски е јавно обележан од нашите стратешки партнери како лице вклучено во криминални активности и корупција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата невдуваат дека Стејт Департментот прецизно наведува зошто Јакимовски како градоначалник е на црната листа, во соопштението стои:

Во неговото службено својство како градоначалник на општина Карпош, Јакимовски беше вклучен во коруптивни дејствија, вклучително и користење на својата службена положба за мешање во урбаниот развој и процесите на набавки за да имаат корист за себе и за неговите соработници.

САД јасно прецизира дека Стевчо Јакимовски како градоначалник ја злоупотребил функцијата за личен бенефит. Јакимовски се мешал во урбанизмот и јавните набавки не за интерес на граѓаните, туку за личен профит и бенефит, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Стевчо Јакимовски местел тендери и прекројувал ДУП-ови за интересите на урбаната мафија.

Јакимовски, човек со такво досие, означен од САД како закана по демократијата и владеење на правото нема што да бара на чело на Карпош. Јакимовски е срам за функцијата што ја извршува. Карпош не смее да биде заложник на човек што е симбол на корупција, додаваат од партијата.

Поврзани вести