
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информира дека еден дел од процедурата за формирање на Инспекторатот за македонски јазик е веќе завршен.
Тој на денешната прес-конференција по посетата на универзитетска библиотека „Св. Климент Охриски“-Скопје рече дека она што важи за сите инспекторати, ќе важи и за овој.
Едниот дел од процедурата е завршен, а тоа беше усогласување со Законот, веќе го усогласивме. Она што важи за сите инспекторати важи и за овој. Избран е директор, овој период ги работевме актите за новата систематизација која ќе треба да се донесе во рамки на инспекторатот рокот беше 20 јуни, ние веќе денес имаме завршено и е испратено во Министерството за јавна администрација. Кога ќе ја добиеме согласноста веднаш ќе пристапиме кон вработување на инспектори и лектори во сите институции таму каде што законски треба да има, информира министерот.
Формирање Инспекторат за македонски јазик е со цел надзор на примена на Законот за употреба на македонскиот јазик.