
Поранешниот висок функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, со иронични пораки на социјалните мрежи ги критикуваше партиските толкувања на изборните резултати во Брвеница.
„И слушај, слушај, губиме 4:1, а јас им го рециклирам муабетот од локалните: ВМРО тоне 13%, ние растеме 46%. Шлеперов пак 4-та партија… Зборот неуспех ќе се замени во македонскиот речник со зборовите консолидација или раст“, напиша Мицковски.
Со објавата тој се потсмева на споредбите со претходните изборни резултати и на обидите изборниот пораз да се претстави како раст или консолидација. Во Брвеница, кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоил 2.943 гласа, додека кандидатот на СДСМ добил 706, со што СДСМ заврши на четвртото место.

Македонски

