
Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Билјана Ивановска денеска ќе се појави во Јавното обвинителство во врска со кривичната пријава поднесена против неа.
Не ја прифати понудата на надлежната обвинителка распитот наместо денеска, да биде одложен по локалните изборите, доколку давањето исказ го чувствува како форма на притисок.
Сè уште не е познато на што се однесува кривичната пријава, ниту од кого е поднесена.
Од Обвинителството велат дека се постапува по приватна кривична пријава што против Ивановска била поднесена на 18-ти февруари и дека презема дејствија за да ги провери наводите во неа.
Минатата недела граѓанските иницијативи од платформата „Независни заедно“ ја претставија Билјана Ивановска како независна кандидатка за градоначалничка на Општина Центар.