
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва беше во Брвеница, по завршување на вториот круг на локалните избори и му ја честиташе победата на новизбраниот градоначалник Јовица Илиевски.
Покажавме дека општина Брвеница е за соживот, не за етнички поделби. Благодарност до сите жители, докажавме дека сме мултиетничка општина и таква ќе останеме. Благодарност до претседателот Мицкоски за максималната поддршка – рече Илиевски.
Мицкоски му ја честиташе победата на Илиевски и рече дека заедно со Владата ќе се направат многу проекти за општина Брвеница.
Честитки на Јовица што издржа, веруваме дека иднината е во заедништвото. Сите кои мислат дека можат да бидат лидери на начин на кој ќе разделуваат грешат. Тој концепт се покажа погрешен. Им благодарам на сите жители на општина Брвеница кои ја дадоа поддршката и застанаа зад овој концепт на обединување – рече Мицкоски.

                        
Македонски






