Skip to main content

Илиевски: “Странски служби” е фб страница под контрола на Горан Костовски од Левица

Фото: Принтскрин/Фејсбук Богдан Илиевски

“Странски служби” е фб страница под контрола на Горан Костовски (“Чиз”) од Левица, според извесна документација која ја имам, а ми ја доставиле свиркачи. Се што читате на странски служби доаѓа од Левица. Со тек на време сите страници и администратори ќе ви ги соопштам, за да знаете кој се крие позади божем непартиски страници, за да спроведува агенда. Чисто за споредба, на друга нивна страна “Црвена Армија”, се ширеа бедни и грозни лаги дека во Кочани загинале 90 луѓе ама власта криела. Воени профитери, шарени гомнари. И таа страна ја води Горан, но од еден друг град (чисто да знаат какви информации имам ), објави Богдан Илиевски на „Фејсбук“.

Уште од времето на шарената куртонијада оваа страница Странски Служби има мисија која на сите ви е позната. Сега знаете (ако верувате што пишувам) дека вистинската мисија е да преку оваа страна се пласира партиска пропаганда.

И тоа прилично ретардирана пропаганда, бидејќи овој статус е фалсификат, лажен, не постои. Пред години и години имам покажувано и логови на фејзбук дека на тој ден и таа година не постои запис како овој на мојот фб профил. Сепак тогаш го измислија службашките кондоми додека бев на чело на протестите, за да ги девалоризираат и наводно мене да ме инкриминираат во очите на народот.

Она што е уште пострашно е што ако и тогаш сирењето бил админ тука, а 70 посто од деновите доаѓаше на протестите на Заедничка (не и на 27 април), дека имало обиди за “бушење” преку подземни структури. Ако, велам. Немам се уште потврда дека и тогаш ја водел страницата, како што ја води денес.

Уште поретардирано е што јас своите убедувања и постојаност сум ги докажал многупати и на различни начини, ама по нивната “бардовац” логика ќе опалат фалсификат на фејс и демек ќе предизвикаат револт, затоа што учествував во дупнувањето на гумата на нивните пленуми и протести на кои сакаа/т да ја ИСКОРИСТАТ болката и траорот пост-Кочани. Клети, тупи и упорити умислени клошарчиња, пишува Илиевски во објавата.

Поврзани вести