Skip to main content

Хашим Тачи му е поважен од Чаир: Aхмети наместо на митинг замина во Тирана на протест за поддршка на УЧК

Денеска во Тирана, Албанија ќе се одржи протест под мотото „Слободата има име“, во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, на кои им се суди во Хашкиот трибунал за воени злосторства. Учесник на протестот ќе биде и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Toj се откажа од митинзи на последниот ден во Македонија за да даде поддршка на УЧК.

Во интервју за косовската „Т7“, Ахмети рече дека никој не може да го контролира албанскиот бунт доколку Специјалниот суд во Хаг ги осуди Хашим Тачи и другите.

Повеќе од вистина е дека никој не може да даде гаранции дека незадоволните луѓе, луѓето што беа на фронтот со нив, кои заедно го делеа доброто и лошото, ќе бидат задоволни. Никој не може да ја даде оваа гаранција. Не можам ни јас да ја дадам – ​​дека може да има такви групи што можат да се соберат за да го изразат својот револт затоа што тоа не е бунт што некој може да го контролира

Поврзани вести