Skip to main content

Грижата и поддршката за повредените и нивните семејства е на државата и таа обврска ќе биде исполнета

Maкедонија покажа како се движи за повредените во пожарот во Кочани но и за семејствата. Сите повредени се згрижени. За зал поради ограничените капацитети во нашите медицински центри и немањето на центар за изгореници беше невозможно сите да бидат во земјава, па во пресрет излегоа земјите од регионот, пред се Србија, Бугарија, Грција и Турција.

Кога е најтешко Македонија има искрени пријатели, пред се Србија кои веднаш понудија помош и испратија хеликопрери и медицински екипи да ги пренесат повредените во Белград и Ниш. Тоа е за пофалба, но сепак грижата за нашите граѓани треба да биде на државата и институциите и тоа ќе го направат.

Во рамки на своите можности, државата ќе ги овозможи најдобрите услови за закрепнување и опоравуање на преживеаните. Но, ова само покажува дека мора да се вложува но нови медицински центри.Неопходен ни е нов Клинички центар во Скопје и довршување на регионалниот центар во Штип.

Здравјето и негата на граѓаните треба да биде над сѐ, посебно над политиката.

Поврзани вести