
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот градски базен во Општина Кавадарци.

Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како нашите најмлади, дечињата уживаат во ова коешто за нив го правиме во суштина, изјави Мицкоски.

Тој се заблагодари на градоначалникот, на пратениците коишто доаѓаат од овој регион, коишто се борат за проект повеќе, на советниците во Советот што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата на колегите од Владата, министерот за спорт.

Навистина овој инвестициски бран има за цел да го видоизмени ликот, би рекол, на многу градови, многу населени места во државата и јас сум убеден дека кога сето ова ќе заврши, а знаете не се малце повеќе од 1.200 проекти се, ќе добиеме сосема поинаква Македонија, поразлична од онаа којашто ја наследивме од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Така што, ние продолжуваме да работиме и продолжуваме да го исполнуваме ветеното, бидејќи тоа е нашата цел и тоа е нашата задача како политичари, изјави Мицкоски.




Македонски


