
Ми претставуваше особена чест да ѝ посакам среќен пат на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојуваше во официјална посета на Македонија, сподели денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој на скопскиот аеродром ја испрати индиската делегација.
На претседателката Мурму ѝ искажав благодарност за оваа историска посета, која претставува значаен чекор во развојот на македонско-индиските односи и ќе даде поттик за нови можности за продлабочување на соработката и зацврстување на пријателството меѓу нашите две држави, порача Мисајловски.

Македонски


