
Од утре во автобусите од јавниот превоз во општина Кавадарци ќе се патува без плаќање во готовина.
Од Јавното претпријатие „Градски превоз – Кавадарци“ информираат дека плаќање на билет во автобусите за градски и приградски превоз ќе се врши исклучиво со КА карта – персонализирана картичка со надополнување на кредит и со платежна картичка.
До 31 декември оваа година, при секое купување на КА карта со минимален кредит од 300 денари, првото возење е бесплатно – споделија од јавното претпријатие.
Претходно, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев изјави за медиумите дека се зголемува користењето на јавниот превоз во општината.

Македонски


