
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција доби прашање за тоа што одморот ги помина на луксузна јахта, а од друга страна, на своите јавни настапи во земјава тврди дека се бори за стандардот.
Да го расчистиме тоа, сметам дека имам легитимитет и кредибилитет, цел живот работам за граѓаните, како доктор, како министер, како и за стандардот. Владата во која седев носеше мерки за платите, платите на докторите се зголемија за 150%, сега платите се 150.000 денари. Имам право и ќе продолжам да се борам за стандардот.
Тој систем на пропаганда кој е присустен, ме обвинувуаа за куќа во Нерези, излезе дека не е вистина, дека имам џип не е вистина, дека имам зграда во Дубаи и авиокомпанија не е вистина, дека имам јахта не е вистина. Жалам што таков систем на пиар развива ВМРО со свои медиумски инструменти, не е само политички феномен, туку општествен. Креираат таков наратив за нивото да го сведат под елеменарно“, одговои Филипче.