Skip to main content
pdHqcnw1bYQ

Филипче од Атина плука по Македонија

СДСМ продолжува со непријателските политики кон сопствената земја, па така лидерот на партијата Венко Филипче на сред Атина продолжи со плукање по Македонија. На вчерашната конференција, тој кажа дека Пресанскиот договор решил „голем проблем помеѓу Cеверна Македонија и Грција и ѝ овозможил на Cеверна Македонија да стане земја членка на НАТО, но, за жал, не сме успеале да станеме дел и од ЕУ“.

Сега со земјата вледеела десничарска влада која не сака да ја турка земјата напред во евроинтегративниот процес. Тоа е како вакцина која ја примивме со НАТО, но, ете сега, не ја примивме втората доза, рече Филипче.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека по стапките на Зоран Заев, Венко Филипче од сред Грција ја кодоши и ја напаѓа Македонија.

Во меѓувреме, и самиот Заев е во Грција, каде со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, вчера доделуваа награда за мир наречена Преспа.

Поврзани вести