Skip to main content

Филипче лидер на СДСМ на стенд бај?!

Основен политички и етички критериум еден човек да се квалификува за лидер на политичка партија, да учествува на избори и да се бори за власт, е да живее во Македонија и – за Македонија, пишува во својата колумна во Плусинфо, Бранко Героски.

Во својата земја да работи и да плаќа данок.

Со својот народ да дели и добро зло.

Да биде дома.

Се разбира, како и илјадници други Македонци, кои веќе ги напуштија родните огништа во потрага по подобар живот, секој човек и сега има легитимно право да ја напушти земјата. Никој никого не смее да осудува поради тоа.

Не е спорно и тоа дека секој наш иселеник во дијаспората, или на привремена работа во белиот свет, има легитимно право да биде политички активен, да гласа на македонските избори и да биде избран за пратеник.

Но, човек со мисла да си замине од својата земја, сепак не може да биде партиски лидер, некој што претендира да стане премиер или шеф на државата.

Со една нога надвор од Македонија, не се станува партиски лидер. Со „златна виза“ во џебот, која му овозможува трајно да се исели од земјата што сака да ја води, не се станува иден премиер или претседател.

Целата колумна на Плусинфо

Поврзани вести