Skip to main content
sFEAHca6Dls
СТАВ НА ВМРО-ДПМНЕ

Филипче и Заев ја уништија СДСМ, време е за вистинска опозиција

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека внатрешна работа е дали во ДУИ или во СДСМ ќе има одредени кадровски освежувања и поместувања по лошите резултати на локалните избори. Она што нас не интересира, рече тој, е сите подеднакво да се грижиме за државата. 

– Тоа е нивна работа. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имав многу надворешни замешателства и кога бевме во опозиција, и периодот после оние Локални избори во 2021 година. Јас се водам по една стара максима, која што вели, не му правим на човека тоа што не сакаш тебе да ти прават. Ние апсолутно стоиме надвор од тие процеси, не не интересираат, тоа си е внатрешна работа на политичките партии. Дали во ДУИ ќе има одредени кадровски освежувања и поместувања, дали во СДСМ, тоа си е нивна работа, рече Мицкоски.

Она што нас не интересира, нагласува тој, е што и да се случува да се грижиме сите подеднакво многу за државата бидејќи ова е наша заедничка држава.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека во СДСМ е време за реформи и вистинска опозиција.

И по овие резултати, во СДС нема ниту реформи, ниту одговорност. Само лажни искази дека ја примиле пораката и дека ќе има промени. Затоа, време е СДС да се соочи со вистината дека Филипче мора да си замине, партијата мора конечно да се дистанцира од Зоран Заев и да направи вистински реформи.Македонија и ВМРО-ДПМНЕ мора да имаат опозиција која ќе биде конструктивна, одговорна и ќе придонесува за државата, а не арогантна и деструктивна партија која мисли само на личните интереси

Поврзани вести