
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија порача дека отворањето на поглавјата со Европската Унија суштински важно за иднината на Македонија, затоа што носи пристап до европските фондови што се од директна корист за граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.
-Ајде да ги расчистиме овие работи. Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните и очекуваните и потребни европски фондови, од кои вистински бенефит ќе имаат граѓаните? Содржи, да се стават Бугарите, Хрватите и другите малцинства во Уставот, да се отворат поглавјата, да добиеме пристап кон структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства, тука да се градат училишта, болници, патишта, пруги. Сето тоа за коешто оваа влада сега зема ултраскапи кредити- рече Филипче.

Тој нагласи дека отворањето на преговорите ја зајакнува и државната позиција, затоа што тогаш на маса седи и Европската Унија, а пристапот до фондовите значи јакнење на институциите и системот.
-Поради две работи. Прво, поради тоа што имаме потпишан договор со Европската Унија на македонски јазик, со сите земји членки а тоа е договорот Фронтекс. И втората работа многу сме посилни кога ќе ги отвориме преговорите и на маса ќе седи и Европа. И на крајот на краиштата ако до тој момент ништо не е загрозено зошто да не го направиме тоа затоа што пристапот до структурните фондови ќе значи зајакнување на нашиот систем на нашата држава- истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.
Филипче: Оваа влада создава вештачки непријатели од соседите
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија рече дека актуелната власт со неодговорна и националистичка реторика намерно ги влошува односите со соседите и создава вештачки непријатели, наместо да работи во интерес на државата и на европската иднина на граѓаните.
Филипче истакна дека пропагандата на ВМРО не само што не донесе никаква заштита на националните интереси, туку директно ја закочи државата.
-Дојде на власт во 2024 година со тоа што кажуваше дека се загрозени националните интереси, дека е загрозен јазикот идентитетот, дека некако и нешто било ставено под ризик. Ништо од тоа не е вистина. Тие дојдоа со една силна пропаганда националистичка реторика и што се случи, ја закочија земјата- рече Филипче.
Тој нагласи дека наместо државнички пристап, Владата во изминатите две години постојано произведува тензии со соседите и ја оттурнува земјата од политиката на добрососедство.
-Немојте да мислите дека ако нешто се повторува ние нема да го осудиме не, но мора да мислиме и на реалноста и на добрите меѓусоседски односи. Што се случува во изминатите две години, само провокација од наша страна. Влошување во меѓу соседските односи. Па вештачки непријатели се Грците и Бугарите благодарение на оваа влада. Само провокации кон едната и кон другата страна- порача Филипче.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека на Македонија ѝ е потребна политика на разум за да се обезбеди посакуваното члнество без кое нема напредок.
-Нема напредок без Европа. Тоа значи зајакнување на систем. Тоа значи неселективна правда. Тоа значи пари за граѓаните- рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.

Македонски


