
ДУИ вечерва се огласи преку соопштение обвинувајќи дека Власта имала селективен и неправеден пристап во истрагата за несреќата во Кочани.
ДУИ го реафирмира својот принципиелен став за целосна, независна и непристрасна правда.
Трагедијата што се случи бара јасна институционална одговорност, а не манипулации за политички поени.
За жал, гледаме како Власта со сите сили се обидува да ги заштити своите и да го пренасочи вниманието на јавноста кон други, наместо да обезбеди транспарентност и одговорност. Овој селективен и неправеден пристап не само што ја поткопува довербата на граѓаните во институциите, туку и го загрозува самиот процес на правда.
Ние нема да влеземе во замката на политика на обвинувања и поделби. За нас, правдата не може да се дели на „наши“ и „нивни“ – таа мора да биде еднаква за сите. Затоа, ги повикуваме институциите да останат надвор од секое влијание и да обезбедат транспарентен, праведен и непристрасен процес.
Само вистината и целосната одговорност можат да ја вратат довербата на граѓаните. Секој обид за одвлекување на вниманието од оваа цел не е во служба на правдата, туку во служба на оние што сакаат да ја сокријат вистината – велат од ДУИ.