Skip to main content

ДУИ со осуда за инцидент во редакцијата на порталот „Инфомакс“

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случил во редакцијата на порталот „Инфомакс“, каде што непознато лице упаднало за време на директното емитување, стои во партиското соопштение.

Ваквите постапки сериозно ја нарушуваат демократската атмосфера во земјата и ги поткопуваат заедничките напори за градење отворено и одговорно општество.

Како партија чија ориентација се темели врз европските вредности и стандарди, ДУИ потенцира дека безбедноста на новинарите и независноста на медиумите претставуваат столбови на секоја функционална демократија. Секој обид за заплашување, притисок или насилство врз медиумите е неприфатлив и треба да биде третиран со висок приоритет од надлежните институции.

Ги повикуваме надлежните органи да преземат брзи и непристрасни мерки за целосно расчистување на случајот и за обезбедување мирни и безбедни услови за работа на медиумската заедница. Само преку заштита на слободата на изразување и гарантирање на демократскиот поредок можеме да напредуваме кон стандардите кон кои тежнееме како држава.

ДУИ останува посветена на одржување на мирна, одговорна и европски ориентирана политичка и општествена средина“, се вели во соопштението на ДУИ.

Поврзани вести