
Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Грозданов, е новиот градоначалник на Општина Кочани, покажуваат конечните податоци од Државната изборна комисија (ДИК).
Грозданов освои 52,71% од гласовите, односно 7.368 гласа, додека неговиот противкандидат Венко Крстевски од Група избирачи доби 42,31% или 5.914 гласа.

Обработени се сите 63 избирачки места (100%), при што на гласање излегле 32.503 граѓани од запишаните во избирачкиот список.
На изборната карта, Кочани е обоен во жолта боја, што го означува триумфот на коалицијата „Твоја Македонија“ во оваа источна општина.

Македонски







