Skip to main content
Христијан Мицкоски

Делот од правосудниот испот каде што се симулира судски процес мора да се полага на македонски јазик

Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик и тоа е поврзано со владеењето на правото, а не со други права или политиканства – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Охрид.

Во однос на тоа дали на владина седница ќе се најде прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик и за изјавите на коалицискиот партнер ЗНАМ по тоа прашање, Мицкоски рече дека нема да има барање или решение со кое правосудниот испит ќе се полага на албански јазик како целина, туку решението што ќе биде доставено на владина седница содржи два дела.

Првиот дел вели дека студентите ќе можат оној дел што е поврзан со нивните додипломски студии, на јазик различен од македонскиот, а во Македонија такви студии се одржуваат на три јазици – на албански, турски и на англиски, да го полагаат на тој јазик на којшто го доорфомиле своето високо образование. Оној дел од правосудниот испот каде што се симулира судски процес од дел од кривична или граѓанска постапка, тој дел ќе се полага на франка лингва – македонски јазик – рече Мицкоски.

Со тоа, повтори премиерот, уште еднаш се потврдува ставот дека правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик, бидеќи тоа е поврзано соо со владеењето на правото, а не со други права или политиканства.

Поврзани вести