
„Охридско лето“ го организира концертот на истакнатите полски уметници Мариуш Патира (виолина) и Радослав Курек (пијано), кој ќе се одржи на 17 ноември 2026 година (вторник), со почеток во 20:00 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје.
Концертот е дел од активностите на НУ „Охридско лето“ надвор од летната фестивалска сезона, со кои продолжува мисијата за промоција и афирмација на врвната музичка уметност и овозможување нови уметнички доживувања за публиката.

Македонски



